19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија земја на банкротот

Холандија земја на банкротот

holandija1

Во Холандија во февруари банкрот прогласиле најголем број на компании од 1981 година, откако се води евиденција за тоа во Централното биро за статистика.

Од бирото, исто така, наведуваат дека бројот на банкроти во последните три месеци е најголем во историјата и изнесува 680 случаи на стечај за еден месец, не пресметувајќи ги претпријатијата кои се сочинети од една личност, пренесува агенцијата АП.

Холанската економија е во проблеми поради штедењето кое го спроведува Владата во Амстердам, како и поради растот на даноците, со цел да се усогласи со европските буџетски прописи кои бараат од земјите, својот јавен дефицит да го намалат на три проценти од БДП.

Особено е слаб пазарот на недвижнини, тоа делумно се должи на големата понуда на деловните простории.

Се очекува дека холандската економија оваа година ќе потоне втора година по ред, пред да се врати на правиот пат во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП