17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛукашенко: Кој не сака да работи ќе плати 300 евра

Лукашенко: Кој не сака да работи ќе плати 300 евра

lukasenko 4005

Белорускиот претседател, Александар Лукаженко воведе „данок на невработеност“ во износ од 300 евра за секој кој е невработен подолго од шест месеци.

За да ги мотивира своите луѓе, побрзо да најдат работа, Лукашенко го потпиша указот за „спречување на социјална зависност“, пишува Moscow Times.

Целта на указот е да ги поттикне луѓето да се вклучат во работните активности и на тој начин да учествуваат во финансирањето на државните расходи.

Документот пропишува дека граѓаните, странските државјани и лицата без државјанство со постојан престој во Белорусија, кои не учествуваат во финансирањето на јавната потрошувачка или во нејзината потрошувачка учествуваат помалку од 183 календарски дена за време на пресметката на данчониот приход (фискална година) се обврзани да платат 300 евра.

Воведувајќи „данок на невработенсот“, Лукашенко го враќа терминот „социјален паразитизам“ од социјализмот, а се со цел да се казнат оние кои не сакаат да работат.

Од овој данок се ослободени младите под 18 години, работно неспособните, инвалидите, жените над 55 и мажите над 60 години.

Противниците на ваквата одлука собираат потписи, сметајќи дека државата треба да им обезбеди услови за работа, а не да ги тера на принудна работа која, како што сметаат може да ја нареди само суд.

Белорусија се бореше да пронајде доволно работници за да ги пополни работните места, а колкав проблем имаше со помалку вработени, покажува фактот дека во 2012-та година воведоа мерки во некои сектори, каде не му се дозволува на работникот да го напушти своето работно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП