27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина уплати нова рата од долгот кон ММФ

Атина уплати нова рата од долгот кон ММФ

grcka_eurobhtrhy65u

Грчката влада даде налог за уплата на рата од околу 450 милиони евра за отплата на рата од заемот од Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, изјави денес извор од Министерството за финансии на Грција.

„Налогот за исплата е издаден и во тек е неговата обработка и спроведување“, изјави изворот од Министерството за финансии, пренесува агенцијата АФП.

Атина отплатува заем од 240 милијарди евра кој го доби од останатите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд – ММФ за да не банкротира.

Сомнежите во способноста на Атина да го отплати кредитот го обновија стравувањето дека државата би можела да банкротира и да ја напушти еврозоната.

Грчката левичарска партија преговара со кредиторите од моментот кога го започна мандатот во јануари со ветување за гласачите дека ќе ги укине буџетските мерки за штедење кои се предвидени со пакетот помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП