20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗлатен орден за заслуги за Австрија за маестро Саша Николовски Ѓумар

Златен орден за заслуги за Австрија за маестро Саша Николовски Ѓумар

gjum

Денес, реномираниот македонски диригент Саша Николовски –Ѓумар и преставници на Фондацијата Д-р Михаил Левенски беа примени во Амбасадата на Република Австрија, од страна на Амбасадорот Др.Томас-Михаел Бајер. Повод за средбата беше високото признание – Златен Орден за заслуги за Австрија, кое на маестро Николовски му беше врачено од страна на Амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија во име на Претседателот на Република Австрија.

На средбата присуствуваше и Оливер Арсовски, поранешен директор на Македонската Опера и Балет, кој долги години е на чело на организацијата на Виенски Бал во Скопје, а кому Златен орден за заслуги за Австрија му беше доделен во 2011та.

Автрискиот Амбасадор  Др.Томас-Михаел Бајер, кој веќе 4та година е во Македонија го истакна своето почитување кон вредностите и диверзитетот на македонската култура и изрази задоволство од соработката на двете земји во областа на културата, науката и образованието, а воедно и забележува дека постои потреба од нејзино интензивирање.

“Зад иницијативите посебно во уметноста, секогаш стојат пред се луѓе кои имаат висок сензибилитет за препознавање на врендостите и кои имаат високо ниво на професионализам неопходен за врвни преформанси во реализацијата. ” истакна Др. Томас-Михаел Бајер, на што додаде: “Како Амбасадор на Република Австрија, имав задоволство директно да учествувам во реализација на многубројни иницијативи во културата, уметноста и образованието во Македонија и Австрија, согласно договорот за билатерална соработка во областа на културата. Со маестро Саша Николовски Ѓумар, реализаравме важни проекти низ кои се потврди дека е познавач на австриската музика. Тој е врвен професионалец со силен сензибилитет и се чини дека австриската музика ја има во крвта, ја изведува со огромна посветеност и исклучителна страст. Тој на вистински начин ја пренесува австриската музика пред македонската публика. Во мојата амбасадорска кариеара имав можност да запознаам врвни уметници во различни земји, Маестро Николовски го ставам во самиот врв. Македонија е среќна што има уметник од толку висок ранг. Преку своите изведби Саша Николовски Ѓумар директно придонесува за високо квалитетна презентација на австриската музика и со тоа е нејзин вистински промотор и докажан пријател на Австрија. Ова беше причината за доделувањето на признанието од висок ранг – Златен Орден за заслуги за Австрија, на мастро Саша Николовски Ѓумар”.

aad

Признанието  – ЗЛАТЕН ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА АВСТРИЈА, е востановено во 1952, како национална почест која ја доделува Претседателот на Република Австрија за заслуги за Австрија. Оваа почест се доделува на австријци, но и на истакнати личности – граѓани на други земји.

Златниот Орден за заслуги за Австрија, на Маестро Саша Николовски Ѓумар му беше доделен од страна на Автрискиот федерален претседател, Д-р Хајнц Фишер, а предаден од страна на Австрискиот Амбасадор, Др.Томас-Михаел Бајер, на 21ви март, 2015, за време на Виенскиот бал кој беше под диригентство на маестро Николовски.

“Добивањето на овој Орден е за мене исклучителна чест. Во мојата искрена посветеност на класичната музика, со посебен жар приоѓам кон делата од австриските композитори. Тие од секогаш ми биле предизвик, пред се  предизвик на сензибилитетот и секако професионален предизик, бидејќи се работи за врвни мајстори на полето на класичната музика – рече во своето обраќање Мастро Николовски, кој се осврна на посебни моменти од неговото богато искуство со австриската класична музика, истакнувајќи ја личната благодарност и чувството на гордост и чест од добиеното високо признание.

“Од аспект на уметник, можам да оценам дека Република Австрија е многу активна на полето на културата во Македонија. Но дозволете ми да ја потенцирам улогата на Амбасадорот кој е клучен за разбирање, поддршка и реализација на проекти. Јас ја имав таа можност врз основа на културната соработка меѓу Македонија и Австрија, до сега да настапувам во Австрија каде пред квалитетната музички едуцирана австриската публика ја носевме музиката на македонски композитори, но и можноста својот афинитет кон австриската класична музика да го реализирам низ претставување на делата на австриски композитори пред македонската публика. Дела од австриските композитори беа секогаш пристутни и на моите гостувања во други земји. Би додал и дека зголемениот број на реализарни проекти со изведување на класична музика од австриски композитори во Македонија, во последните години е резултат на  инспиративната соработка со актуелниот амбасадор Др.Томас-Михаел Бајер, кој е голем познавач на музичката уметност. На негова иницијатива јас прифатив предизвици за поставување на дела од австриски композитори, кои беа прв пат поставени пред македонската публика.

aag

Посебно сум горд што иницијативата за добивање на овој Орден потекна токму од личност која е голем познавач на австриската музика и кој во својата амбасадорска кариера запознал врвни уметници од различни земји.

Изразувам голема благодарност кон Амбасадорот на Република Австрија  во Република Македонија, Др.Томас-Михаел Бајер за укажаната чест и посебна благорадност за укажаната почест од страна на Престедателот на Република Австрија, кои за мене се уште поголем поттик за остварување нови висини во мојата искрена посветеност на австриската музика и мојот пиетет кон богатството што за светот го оставија австриските композитори” – рече маестро Саша Николовски Ѓумар кому покрај бројните награди и признанија за уметничките дострели, љубовта и континуираната посветеност кон австриската класична музика која со искрена страст ја негува, му донесе Златен Орден за заслуги за Австрија.

М-р Саша Николовски Ѓумар, препознатлив по својата музикалност, експресивност и енергичност, ги раздвижува македонските ансамбли преку кои создава импресивни музички интерпретации, без разлика на музичкиот жанр кој го изведуваат. Неговиот креативен дух се согледува преку креациите со Македонската филхармонија, оркестарот на Македонската опера и балет, „Скопје лејдис оркестра“, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија, оркестарот на Факултетот за Музичка уметност во Скопје и оркестарот „Јохан Штраус’’ со кој веќе 9 години по ред го носи Виенскиот бал. Од најновите остварувања, посебно се издвојува премиерата на Моцартовата опера „Така прават сите“, обнова на  операта Турандот од Пучини, концертна изведба на балетот „Посветување на пролетта„ од Стравински, изведба на Третата симфонија од Бетовен “Ероика”, изведба на  вториот концерт за пијано и оркестар од Јоханес Брамс, праизведба на операта “Змејовата невеста” од Стојан Стојков, првата изведба во Македонија на концертот за пијано и оркестар од Александар Скрјабин и  прва изведба во Македонија на Бетовеновиот „14ти Квартет„ во оркестарска верзија.

Саша Николовски- Ѓумар минатата година го прослави 20 годишниот јубилеј од својата уметничка дејност. Добитник е на наградите:  Ѓорѓи Божиков  за најдобр аиѕведна на дела од македонски композитори на фестивалот Денови на македонска музика 2000та; “Златна лира” 2013, која ја доделува Сојузот на Музичките Уметници на Македонија за врвни уметнички до стигнувања и престижната награда “Виртуози” за музички изведувач на 2014та,  која му ја додели Сојузот на композиторите на Македонија. Од март 2015та е носител на Златен Орден за заслуги за Австрија.

aab

aaac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП