29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијарда долари мистериозно исчезнаа од централната банка на Молдавија

Милијарда долари мистериозно исчезнаа од централната банка на Молдавија

bcf2c171dfa57d090225d2e520adcb0afc918d01

Околу милијарда американски долари или 9,4 милијарди леи исчезнаа од Централната банка во Молдавија.

Обвинители, пратеници и американски истражители се ангажирани поради овој финансиски скандал којшто може да ја дестабилизира земјата, обидувајќи се да им влезат во трага на исчезнатите пари.

За мистериозното исчезнување на парите, или кражбата на векот како што ја нарекуваат локалните медиуми, се дознало кога Централната банка открила дека три банки чии активности сочинуваат третина од вкупниот банкарски сектор на земјата, одобриле кредит од 9,4 милијарди леи што е 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Молдавија.

Овие кредити требало да бидат вратени до 27-ми март, но тоа не се случило, а засега не се знае каде отишле парите. Трансакцијата е извршена во текот на само неколку дена, непосредно пред парламентарните избори на кои победија ткн проевропските партии, поразувајќи ја проруската опозиција.

„Не можам да сфатам како е можно да украдете толку многу пари во толку мала земја“, изјави претставникот на ЕУ во Молдавија, Пирк Тапиол.

Во случајот се вклучени финансиската полиција и молдавски пратеници, а во јавноста излезе и извештај од седницата на собраниската комисија затворен за јавноста, според кој дел од парите се префрлени во четири руски банки.

Шефот на опозициските социјалисти, Игор Додон, изјави дека парите на крајот се префрлени на сметките на неколку „оф шор“ компании. За да се избегне стечај на трите банки вмешани во исчезнувањето на парите, Централната банка на Молдавија ги стави под надзор.

„Убеден сум дека долгот нема да биде вратен и дека ќе биде претворен во јавен долг“, изјави за AFP претседателот на здружението на банкари, Думитри Урсу.

За кражбата истрага отвори државното обвинителство, по чиј налог во притвор се две лица чиј идентитет не е објавен. Вредноста на молдавската леа меѓу 1-ви ноември минатата година и 18-ти февруари годинава опадна за 42 отсто, а Додон оцени дека финансискиот скандал би можел да ја доведе државата во стечај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП