21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛукав план против руските санкции

Лукав план против руските санкции

8036910035526346a71ab4542740762_640x414

Грција и Русија планираат основање на заедничка компанија во Русија за грчките земјоделски производи да можат да го заобиколат руското ембарго на увоз на храна од Европа.

Тоа го изјави извор од владата на Грција по повод посетата на премиерот Алексис Ципрас која завршува денес.

„Постои заедничка желба да почне процесот за создавање на заедничко, грчко-руско стопанско друштво на територијата на Русија за извоз на грчките земјоделски производи“, наведува тој извор во еден пишан документ.

Работењето преку таквата, заедничка компанија, ќе значи дека продажбата на грчкото овошје и зелечук во Русија „нема да се смета за увоз“, вели тој извор. Тоа ќе му овозможи на грчкото земјоделство да „ја надмине главната препрека“ – ембаргото со кое Русија минатото лето одговори на санкциите од ЕУ поради учеството во украинската војна.

Ципрас кој во среда започна со дводневната посета на Москва, разговараше со претседателот Владимир Путин кој ја спомена можноста Русија финансиски да помогне во изградбата на гасовод преку северна Грција, вели изворот.

Русија би можела, вели изворот, „да и ги препушти на Грција очекуваните приходи од тој проект, која таа би ги отплатувала од 2019 година, кога ќе проработи гасоводот“, што на Грција би и донело „илјада милиони евра“ .

Извозот на земјоделски производи и енергетиката беа главните теми на состанокот на Путин и Ципрас.

Путин на конференцијата за новинарите за руското ембарго укажа дека „не може да се направи исклучок само за една земја од Европската унија“.

Но, Путин го спомена и содавањето на „заедничката компанија“ за увоз на праски, јагоди, киви и лимони од Грција.

По ненадејното напуштање на гасоводот Јужен тек, Москва одлучи да изгради гасовод до Турција, која наместо Украина, ќе стане транзитна земја за рускиот гас.

Тој планиран гасовод би завршувал на границата Турција-Грција, а владата на Ципрас сака да го продолжи за и Грција да стане „важен дистрибутивен центар за природен гас“, изјави изворот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП