20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува пад на добивките на американските компании, прв пат од 2009-та

Се очекува пад на добивките на американските компании, прв пат од 2009-та

pad berzi

Со извештајот на Alcoa во средата започна сезоната на објава на квартални деловни резултати на американските компании, која во наредните недели ќе има клучно влијание на насоките на Волстртит и која, поради јакнењето на доларот и остриот пад на цената на нафтата, би можела да биде најслаба уште од 2009-та година.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првото тромесечје паднале за 2,8 отсто во однос на истиот период лани. Доколку се покаже проценката како точна, ова би бил трет најслаб квартал уште од третото тромесечје од 2009 година, непосредно откако американската економија излезе од длабока рецесија и финансиска криза.

Според податоците на Reuters, 128 компании од составот на S&P 500 објавија проценки за првото тромесечје, при што 105 ги намали, а само 17 ги зголемија проценките за работењето.

Притоа, поради остриот пад на цената на нафтата, најмногу се намалија проценките за енергетскиот сектор, но ниту еден од 10-те сектори не остана поштеден.

Ова, меѓу другото, се должи на силниот долар, кој во првиот квартал зајакна 9 отсто во однос на кошничката најзначајни светски валути поради очекувањето дека американската централна банка Фед наскоро ќе ги зголеми каматните стапки, додека останатите централни банки во светот водат лабава монетарна политика.

Имено, поради јакнењето на доларот производите на американските мултинационални компании стануваат помалку конкурентни, поради што им паѓаат приходите и добивката.

Покрај тоа се очекува и остар пад на приходите и добивката на енергетските компании поради драстичниот пад на цената на нафтата од јуни минатата година.

Сезоната вчера ја отвори Alcoa, која извести дека во првиот квартал од годината остварила добивка од 363 милиони долари, или 28 центи по акција, што е над проценките на аналитичарите од 26 центи.

Сепак, по трошоците за реструктуирање, нето добивката на најголемиот американски производител на алуминиум изнесуваше само 195 милиони долари, или 14 центи по акција.

Покрај тоа, иако приходите на компанијата на годишно ниво пораснаа за 7 отсто, на 5,8 милијарди долари, беа под очекувањата на аналитичарите од 5,94 милијарди. Поради тоа падна цената на акцијата на Alco.

Напсроти песимистиките прогнози, на Вослтртит не владее паника, бидејќи сеуште постои причина за оптимизам.

„Берзата не очекува многу од сезоната на објава на квартални деловни резултати, но тоа не значи дека би можело да има повеќе компании кои би можеле позитивно да изненадат“, вели Џо Бел, аналитичар во компанијата Schaeffer’s Investment Research.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП