1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПикапот на Mercedes-Benz ќе е базиран на Nissan NP300

Пикапот на Mercedes-Benz ќе е базиран на Nissan NP300

pic mece

Концернот „Daimler“ официјално ги потврди информациите дека развива пикап со средни димензии под брендот „Mercedes-Benz“, кој ќе биде изграден на шасијата на новата генерација на „Nissan Navara“ (на некои пазари тој се нуди како „NP300“ и „Frontier“).

Од преслужбата на германскиот производител објави дека новиот модел е дело на заедничките напори на „Daimler“ и „Nissan“. Пикапот ќе ги исполнува сите барања, задолжителни за возилата на „Mercedes-Benz“. Тој ќе има капацитет од 1 тон и ќе располага со двојна кабина.

Покрај „Daimler“, свој пикап со просечни големини повторно врз основа на „Nissan NP300“ ќе развие и партнерот на јапонската компанија – „Renault“. Францускиот модел ќе биде изграден целосно во стилот на производителот.

pic mece2

Производството на новите модели на „Mercedes-Benz“ и „Renault“ ќе биде сконцентрирано на две места. Првото е фабриката на „Nissan“ во Кордоба (Аргентина), каде што сега се составува „NP300“. Автомобилите кои ќе се произведуваат таму ќе бидат насочени кон пазарите во Латинска Америка.

Во Европа двата модела ќе бидат произведени во другата фабрика на „Nissan“ – онаа во Барселона (Шпанија). Возилата од овој погон нема да се продаваат само на пазарот на Стариот континент, туку и за Австралија и Јужна Африка. Производството на двата модели ќе стартува во 2020-та година.

Предвидено е во Барселона годишно да се составуваат вкупно 120.000 пикапи од трите марки – „Nissan“, „Mercedes-Benz“ и „Renault“. Во Кордоба бројката е малку скромна – по 70.000 единици годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП