18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради малата невработеност ги отпуштаат вработените во Заводот за вработување

Поради малата невработеност ги отпуштаат вработените во Заводот за вработување

germanija-dobra-sostojba-germany

Колку е силен моторот на Европа – Германија, најголемата економија во Европа, покажува податокот дека поради малиот број на невработени лица во оваа земја, Германија одлучи да го намали бројот на работници во Заводот за вработување.

Германија одлучи да отпушти дури 17.000 работници од Заводот за вработување, бидејќи едноставно нема потреба од толкав број на работници кои би требало да ги услужуваат невработените лица и да им понудат работа.

Во германскиот Завод за вработување, коj располага со буџет од 38 милијарди евра, во моментов работат 97.000 луѓе, а по отпуштањето на работниците ќе останат околу 80.000 вработени.

Во Германија стапката на невработеност изнесува 4,8 проценти од граѓаните, односно 2,9 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП