6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Тоа не е моја работа“ е став кој ја уништува вашата кариера

„Тоа не е моја работа“ е став кој ја уништува вашата кариера

1322928685522c13088c81685000928_w640

Како да поставите граници на работа, а да не испаднете незаинтересирани и неподготвени да им помогнете на колегите?

Неодамнешното истражување покажа дека овој став е на самиот врв на листата со навики кои го ограничуваат напредувањето во работата. Овој став може да се каже дека се повеќе е присутен во денешно време, а доколку сте работеле со таква личност, знаете колку е тоа фрустрирачко…

Помогнете им на другите кога можете

Ако имате време и можност да му помогнете на некој колега во компанијата, направете го тоа. Запомнете дека на таа личност сте и направиле услуга, но не очекувајте дека таа личност мора да ви возврати на истиот начин, баш секој пат кога ќе и помогнете.

Поставете ограничување, но само со причина

Во ред е да кажете „не“ на работното место. Меѓутоа, ако постојат добри причини, ако на пример, сте навистина преоптеретени со работа. Бидете сигурни дека поставувате ограничувања или ги одбивате колегите со причина, а не затоа што не ви се рбаоти или тие колги не ви се омилени.

Кога поставувате граници, бидете реални

„Тоа не е моја работа“ е веројатно најглупавата работа која можете да ја кажете во било која деловна околина. Тоа на сериозните колеги им звучи како да сте дете од четири години кое започнало да вреска „Не, не и не“.

Искористете ја приликата

Ако од вас постојано се бара да ги преземете задачите кои навистина не се дел од вашата работа, обратете им се на шефовите. Можеби тоа е шанса тоа да биде вашата нова работа, и тогаш таа работа не некој начин би можела да биде наградена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП