18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen подготви нов концепт сличен на моделот C4 Cactus (фото+видео)

Citroen подготви нов концепт сличен на моделот C4 Cactus (фото+видео)

aircross

Францускиот производител „Citroen“ објави фотографии и технички детали за концептот „AirCross“, кој ќе има премиера на претстојниот саем на автомобили во Шангај.

„Citroen“ при дизајнирањето на новиот кросовер како основа го искористил дизајнот на моделот „C4 Cactus“.

aircross1

Двата модели имаат слични заоблени линии, како и специфични тесни предни светла и идентични носачи на покривот.

„AirCross“, сепак, е значително подолг, поширок и повисок од „Cactus“ со димензии 4580/2100/1800 милиметри, а поставен е на големи тркала од 22-инчи.

aircross2

За разлика од „C4 Cactus“, кој е опремен со иновативни надворешни „воздушни перничиња“ што треба да спречат помали оштетувања на вратите и браниците, а „AirCross“ има слична заштита и на алуминиумските фелни.

Истакнатите делови од алуминиумските тркала се заштитени со тврда гума, со цел да се избегнат гребнатини при паркирање до граничници и при теренско возење.

aircross3

Новиот концепт на „Citroen“ има и странични отвори за воздух на хаубата, необични трапезоидни заштитни елементи на браниците и долните делови на вратите и украсни хромирани рамки на задните прозорци.

Ентериерот, исто така, е дизајниран по примерот на „C4 Cactus“, со голем дигитален дисплеј во форма на таблет уред, како замена за класичната инструмент табла.

aircross4

За погонот е задолжен „pulg-in“ хибриден систем. Напред се наоѓа 1,6 литарски бензински мотор со 218 коњски сили, додека на задниот дел е сместен електромотор со 95 коњски сили.

Комбинираната моќ изнесува 313 коњски сили, што е доволно за „AirCross“ од 0 до 100 километри на час да забрза за 4,5 секунди. „Citroen“ наведува дека возилото има емисија на штетни гасови од само 39 грама на километар и просечна потрошувачка од 1,7 литри на 100 километри.

aircross5

Електромоторот се напојува од литиум­јонска батерија што овозможува автономоност на електричен погон од 50 километри. За полнење на батеријата на стандарден приклуок во домот се потребни 3,5 часа.

„Citroen“ засега не објави информации за можно сериско производство на концептот, но ако се следи примерот со „C4 Cactus“, кој првенствено беше претставен како концепт, наскоро може да се очекува и сериски „AirCross“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП