19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатот Прилеп-Ресен и натаму во прекин

Патот Прилеп-Ресен и натаму во прекин

ODRON NA PUTU VALJEVO-LOZNICA

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, е во целосен прекин за сите видови на возила поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот е нормализиран на патниот правец Скопје – Велес, кадешто е исчистен. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП