5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголемите резерви во САД и рекордното саудиско производство ги симнаа цените на...

Поголемите резерви во САД и рекордното саудиско производство ги симнаа цените на нафтата

nafta kop

Цените на барел нафта се симнаа во средата на меѓународните пазари кон нивото до 58 американски долари, под притисокот на неочекувано силниот раст на американските резерви и рекордното производство во Саудиска Арабија во март.

На лондонскиот пазар цената на барел сирова нафта падна за 1,03 долари во однос на затворањето на тргувањето во вторникот, на 58,07 долари. На американскиот пазар, пак, со барел нафта се тргуваше по 1,33 долари пониска цена, од 52,65 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC објави дека цената на барел нејзината референтна кошница нафта во вторникот изнесувала 54,61 долар, што значи дека се зголемила за 1,41 долари во однос на претходниот ден.

На почетокот од работаната седмица на нафтените пазари поддршка им даваа охрабрувачките податоци од американскиот пазар на трудот и прогнозите на владата на САД за побавниот раст на производството на нафта во годинава, како и за поголемата глобална побарувачка на нафтата. Во средата, пак, цените повторно тргнаа надолу, откако најновиот извештај на Американскиот институт за нафта (API) покажа неочекуван силен скок на резервите од сирова нафта во САД минатата седмица, за дури 12,2 милиони барели. Подоцна во среда ќе бидат објавени официјалните податоци.

Дополнително пазарите беа притиснати од вчерашната изјава на саудискиот министер за нафта, Али ал-Наими, дека вкупното саудиско производство во следниот период веројатно ќе се задржи на нивото од околу 10 милиони барели дневно, откако во март достигна рекордни 10,3 милиони барели на дневно ниво. Саудискиот министер истакна дека неговата земја е подготвена да ги поткрепи цените на нафтата, само доколку во таквите настојувања ѝ се придружат производителите надвор од OPEC.

„OPEC нема да го намалува производството на нафта. Напротив, тоа би можело да се зголеми со враќањето на иранскиот извоз“, изјави во вторникот Ханс ван Клиф од „ ABN Amro“.

Иранскиот извоз би можел повторно да се најде на меѓународните пазари, откако шесте светски сили и Иран потпишаа рамковна спогодба за контроверзната нуклеарна програма на Техеран, којашто претпоставува и укинување на санкциите против оваа земја. Аналитичарите, сепак, не очекуваат позначително зголемување на извозот пред следната година.

„Побарувачката на нафта ќе мора силно да се зголеми за да го апсорбира таквото производство. Пазарот во моментов е заситен“, заклучува во анкетата на Reuters Бен Л’  Брун од сиднејската компанија „OptionsXpress“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП