21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Учеството на Грција во „Турски поток“ може да ја претвори земјата...

Путин: Учеството на Грција во „Турски поток“ може да ја претвори земјата во главен дистрибутивен центар

Russian President Putin meets with Greek Prime Minister Tsipras in Moscow

Учеството на Грција во проектот „Турски поток“ може да ја претвори земјата во главен енергетски дистрибутивен центар на континентот, но одлуката треба да биде донесена од Атина, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави Интерфакс.

Ципрас, од своја страна, рекол дека Грција ќе ја разгледа можноста за изградба на „Турски поток“.

Путин уште нагласи дека трговската размена меѓу Русија и Грција минатата година изнесувала 4,2 милијарди долари, што означува намалување за 40 отсто. Според рускиот претседател, причина за падот се обостраните санкции и падот на цената на енергенсите.

„Се договоривме да вложиме напори да ја вратиме трговијата на патот на растежот“, нагласи Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП