11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродром што никогаш не загубил багаж!

Аеродром што никогаш не загубил багаж!

SONY DSC

Јапонскиот аеродром Кансаи е еден од најдобрите на светот кога станува збор за вниманието кое му се посветува на багажот на секој патник.

Новото истражување на компанијата Skytrax спроведено меѓу патниците покажа дека од неговото отворање до денес на Меѓународниот аеродром Кансаи не е изгубен ниту еден куфер.

Аеродромот е отворен 1994-та година, што значи цели 21 година беспрекорно внимава на торбите на своите патници.

Со оглед на тоа дека губењето на куферите е многу стресно за секој патник, тие оваа карактеристика на јапонскиот аеродром многу ја ценат.

На листата од десет аеродроми што најдобро го чуваат багажот, седум се од Азија.

1. Меѓународниот аеродром Кансаи, Јапонија

2. Меѓународниот аеродром Хонг Конг, Хонг Конг

3. Аеродромот Чанги, Сингапур

4. Меѓународниот аеродром Тајван Тујан, Тајван

5. Меѓународниот аеродром Инчеон, Јужна Кореа

6. Меѓународниот аеродром Ханеда, Јапонија

7. Аеродромот Копенхаген, Данска

8. Меѓународниот аеродром Минхен, Германија

9. Меѓународниот аеродром Цирих, Швајцарија

10. Меѓународниот аеродром Нарита, Јапонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП