26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи, нафтените компании во фокусот

Раст на европските берзи, нафтените компании во фокусот

berza zvonce

Цените на акциите на евопските берзи пораснаа денеска, благодарение на скокот на енергетскиот сектор по веста дека Royal Dutch Shell ќе го преземе BG Group за 70 милијарди долари.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11:30 часот беше во плус 0,2 отсто, на 1.615 поени, откако вчера скокна 1,6 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,50 отсто, на 6.994 поени, додека париски CAC зајакна 0,15, на 5.159 поени. Франкфуртски DAX ослабна 0,20 отсто, на 12.099 поени.

Најголем добитник беше индексот на енергетскиот сектор со раст од пет отсто, што најмногу се должи на скокот на цената на акцијата на BG Group од 40 отсто, со оглед дека Shell за преземањето понуди премија од над 50 отсто.

Веста за мегапреземањето го поттикна целиот енергетски сектор. Цената на акцијата на Tullow Oil скокна 9,8 отсто, на BP 4,4 отсто, на Repsol за 2,4, а на Total за 0,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП