18 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗGT ќе добие сериска верзија

GT ќе добие сериска верзија

kia gt 22

„KIA“ наскоро ќе ја претстави сериската верзија на купето со 4 врати „GT“, кое беше прикажано како концептуален модел уште во 2011-та година, соопшти весникот „Drive“ кое го цитира потпретседателот на „KIA Motors America“ Олт Хедрик.

Според зборовите на топ менаџерот, спортскиот модел веќе е подготвен за да биде пуштен во производствените погони. Хедрик очекува корејскиот производител на автомобили наскоро да го објави официјално претставување на моделот за сериско производство.

Гласините за ваквата намера на „KIA“ течат веќе со години. Минатата година од британската единица на компанијата најавија дека во производствениот погон нема да биде само „GT“, туку и друг концепт – „GT4 Stringer“. Последното сепак беше демантирано од шефовите на брендот, бидејќи тие не веруваат во трговскиот успех на овој модел.

При излегувањето во сериско производство, „KIA GT“ ќе го задржи моторот со кој беше претставен. Тоа е 3,3-литарски бензински турбо „V6“, чија моќ е 395 КС. Тој е поврзан со 7-степен автоматски менувач со две спојки, а авторите на концептот го прогласија за директен конкурент на „Audi A7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП