27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција претстави пакет мерки за поттикнување на инвестиции

Франција претстави пакет мерки за поттикнување на инвестиции

francijakrizafrance

Француската влада претставки во средата пакет мерки со кои има намера да поттикнат деловни инвестиции, вклучително и даночни олеснувања во вредност од 2,5 милијарди евра.

Стагнација на деловните инвестиции ги придушува изгледите на втората по големина економија во еврозоната која се потпира на закрепнување на поторшувачката и на извозот, напоменува Reuters.

Оттука владата според најавата на премиерот Мануел Валс подготви даночни олеснувања за поттикнување на инвестициите во петгодишниот период во вредност од 2,5 милијарди евра.

Компаниите ќе можат да отпишат 140 отсто од вредноста на инвестициите во индустријата во периодот до април 2016 година, што е претставена како клучна мерка во најавениот пакет.

Исто така ќе се забрза повратот на данокот на промет на телата на локална управа за инвестиции во јавни работи, а во план е и проширувања на одделни категории на даночни олеснувања за секторот изградба на станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП