16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот премиер допатува во Москва

Грчкиот премиер допатува во Москва

E

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во среда допатува во Москва во прва и долгоочекувана посета.

Ципрас пристигна во Русија во критично време за Грција бидејќи владата се наоѓа во трка со времето во настојувањето да се постигне договор со своите кредитори пред истекот на постоечката програма за финансиска помош кон крајот на април.

Доколку не се постигне договор, владата во Грција би можела да остане без пари.

Меѓутоа, финансисрањето нема да биде на дневен ред во разговорите меѓу Ципрас и рускиот претседател, Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев поради тоа што Русија има свои економски проблеми предизвикани од меѓународните санкции.

Наместо тоа, ќе се разговара за енергетиката, вложувањата, трговијата, туризмот и земјоделството.

Се очекува Ципрас да побара од рускиот претседател да ги ублажи ограничувањата на увозот на грчките прехрамбени производи.

Москва лани го забрани увозот на земјоделски производи од Европската унија како противмерка на европските санкции поради анексијата на Крим.

Од Брисел оваа недела ја предупедија Атина да не преговара со Русија во врска со тоа.

Путин и Ципрас ќе разговараат и за односите меѓу Русија и ЕУ кои се значително влошени од 2014 година поради Крим и кризата на истокот од Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП