18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ успешно го заврши првиот месец од програмата за квантитативно олабавување

ЕЦБ успешно го заврши првиот месец од програмата за квантитативно олабавување

ECB_2355219b

Европската централна банка објави дека во март ја достигна зацртаната вредност од програмата за квантитативно ублажување од 60 милијарди евра за откуп на државни и корпоративни обврзници.

До 31 март ЕЦБ откупи 47,36 милијарди државен долг, 12,4 милијарди евра осигурени обврзници и 1,2 милијарди осигурени хартии од вредност, наведе агенцијата AFP.

Откупените обврзници за речиси 61 милијарда претставуваа успешен почеток на програмата со која во економијата на еврозоната треба да се вбризгаат над 1.100 милијарди евра за да се поттикне раст на активностите и да се отстрани заканата од дефлација.

Дел од аналитичарите стравуваа дека централната монетарна институција на еврозоната нема да успее да го достигне зацртаниот месечен износ со оглед на обврската на многу пензиски и инвестициски фондови во своја актива да вклучат и одреден процент на државни обврзници.

„По истекот на првиот месец од спроведувањето на проширената програма за откуп на обврзници, од ЕЦБ може да заклучат дека биле успешни“, смета економистот на Berenbank, Кристијан Шулц.

„Оперативното спроведување течеше глатко, а мерката веројатно беше поефиканса од што самите очекуваа во ЕЦБ“, додава Шулц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП