26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAdam Rocks доби спортска верзија (фото)

Adam Rocks доби спортска верзија (фото)

rock s

Спортска верзија доби и кросовер вeрзијата на градскиот компактен модел „Opel Adam“. Автомобилот го носи името „Adam Rocks S“ и ќе дебитира пред публиката за време на автосаемот „AutoRAI“ во Амстердам.

Opel-Adam-Rocks-S-4

Новиот „Opel Adam Rocks S“ го користи истиот бензински 1,4-литарски мотор со 150 КС и 220 Нм, кој се наоѓа и во „Adam S“ прикажан минатата година во Париз. Агрегатот „ECOTEC“ му овозможува на овој модел да развива 100 км/час за 8,5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 210 км/час.

Моторот може да се пофали и со завидна еластичност, што му овозможува забрзување од 80 до 120 км/ч во петта брзина за 7.9 секунди.

Opel-Adam-Rocks-S-2

Опишуван како „се друго, но не и сладок“, новиот „Adam Rocks S“ демонстрира и препознатлив дизајн. Моделот има специјално тјунирано спортско подвозјето, намален за 15 мм во споредба со онаа на обичниот „Adam Rocks“, како и со спортски управувач и „ESP“, кој може да биде деактивиран.

Opel-Adam-Rocks-S-10

Стандарден за „Adam Rocks S“ е платнениот покрив „SwingTop“ кој е електричен и се збира за само 5 секунди. Спортскиот изглед пак е подвлечен со продолжениот заден браник, сликовито оформениот приклучок на издувната цевка и задниот спојлер.

Opel-Adam-Rocks-S-7

Меѓу технологијата е присуството на системот „Advanced Park Assist“, која при брзини на движење под 30 км / час идентификува соодветни простори за паркирање и врши автоматизирано маневрирање за оваа намена. Системот доаѓа во пакет со технологијата „Side Blind Spot Alert“, која го предупредува возачот за опасност при промена на лентата.

Премиерата на „Opel Adam Rocks S“ ќе се одржи на 17-ти април во Амстердам, кога ќе бидат соопштени сите детали, вклучувајќи ја и цената.

Opel-Adam-Rocks-S-8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП