20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛатинска Америка: Намалена прогнозата за економскиот раст

Латинска Америка: Намалена прогнозата за економскиот раст

rast-ekonomija

Државите на Латинска Америка оваа година ќе забележат економски раст од само 1,0 проценти, поради слабеењето на перспективите на целокупната глобална економија.

Најновите прогнози се значително пониски во однос на претходно проектираниот раст од 2,2 проценти за оваа година, и под минатогодишниот раст на овој регион од 1,1 проценти, што беше најбавното темпо на раст за последните пет години, наведува Економската комисија на ОН за Латинска Америка и Карибите (ECLAC).

Како причина за намалување на прогнозата „ECLAC“, го наведува влошувањето на перспективите на целокупната глобална економија, како и побавниот од очекуваниот економски раст за крајот на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП