18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалверзациите ја чинат Италија четири милијарди евра

Малверзациите ја чинат Италија четири милијарди евра

italija-nova-italy

Растурањето на државните пари и проневерите ја чинеле Италија 4,1 милијарди евра во 2014 година, се наведува во годишниот извештај на полициската Единица за финансиски криминал.

Во извештајот се наведува дека минатата година се поднесени пријави против 3.700 лица поради наводни кривични дела кои му нанеле штета на јавниот сектор.

Минатата година на нелегален начин се склучени договори во вредност од 1,8 милијарди евра, пренесува агенцијата АНСА.

Во документот се наведува дека 44 лица се уапсени, а уште 993 пријавени во обвинителството во врска со овие дела.

Финансиската полиција наведува дека минатата година проверила 220 јавни договори со вкупна вредност од 4,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП