18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на Волстрит, доларот зајакна

Благ пад на Волстрит, доларот зајакна

New York City - Helicopter tour

Цените на акциите на Волстрит благо паднаа во вторникот, бидејќи јакнењето на доларот повторно предизвика грижа кај инвеститорите во врска со деловните резултати на американските мултинационални компании.

Dow Jones ослабна пет поени или 0,03 отсто, на 17.875 поени, додека S&P 500 се спушти 0,21 отсто, на 2.076 поени, а Nasdaq се намали за 0,14 отсто, на 4.910 поени.

На почетокот на тргувањето цените на акциите беа во пораст, благодарение на најавите за преземања, што секогаш позитивно влијание на берзите.

Цената на акцијата на FedEx порасна за над 2,5 отсто, откако американската поштенска компанија најави купување на холандски TNT Express за 4,8 милијарди долари.

Меѓутоа, подоцна инвеститорите ги обесхрабри порастот на курсот на доларот, откако неколку дена беше под притисок поради слабеење на американската економија, односно шпекулациите дека Фед ќе го одложи кревањето на каматите за на есен.

Курсот на доларот кон јапонската валута скокна над 120 јени, додека во понеделникот се движеше под 119 јени. Цената на еврото се спушти, пак, на 1,0880 долари, додека на почетокот на неделата се движеше и над 1,10 долари.

И додека силниот долар укажува на црвсти фундаменти на американската економија, додека инвеститорите се плашат дека поради растот на неговиот курс производите на американските мултинационални компании ќе бидат помалку конкурентни на светскиот пазар и дека поради тоа ќе имат пад на приходите и добивката.

Инвеститорите се внимателни бидејќи започнува сезоната на објава на квартални деловни резултати на американските компании, која во наредните денови ќе има клучно влијание на насоките на берзите.

Се очекува остар пад на приходите и добивките на енергетските компании на годишно ниво поради драстичниот пад на цените на нафтата од јуни минатата година.

На европските берзи цените на акциите силно пораснаа. Лондонски FTSE индекс скокна за 1,88 отсто, на 6.961 поен, додека франкфуртски DAX порасна 1,30 отсто, на 12.123 поени, а париски CAC се зголеми 1,52 отсто, на 5.151 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП