6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензинот во САД поевтин од водата

Бензинот во САД поевтин од водата

thumb

Возачите во САД наредново лето ќе имаат најниски цени на бензинот во последните шест години, најави Министерството за енергетика.

Се очекува дека просечната цена во земјата ќе се намали за 32 проценти во однос на 2014 година, во просек на 2,4 долари по галон, од 3,36, што ќе биде најнизок сезонски просек од 2009 година, пренесува АФП.

Главниот аналитичар за нафтата, Том Клоза, смета дека флуктуацијата на цените ќе биде нерамномерна, но тие би можеле да се намалат дури и под два долари, а главната побарувачка за бензинот се очекува во јули и август.

Пониските цени се резултат на тоа што светските залихи на нафта растат побрзо од побарувачката, бидејќи е зголемено производството и во Северна Америка и во другите делови од светот.

Министерството предупреди дека и постоечките прогнози би можеле да бидат значително променети ако се укинат санкциите на Иран, бидејќи таа земја располага со 30 милиони барели нафта во складиштата.

Се очекува цената на марката „брент“, која ја користат многу американски рафинерии, а која е најважен показател за цената на бензинот, оваа година да се намали за 40 поценти.

Исто така се очекува дека американските возачи ќе трошат повеќе бензин за 1,6 проценти, во текот на летото. Но, расходите во домаќинството кои одат на бензин ќе бидат на најниското ниво од 2005 година, така што ќе изнесуваат околу 700 долари помалку.

Просечната цена на бензинот во САД вчера изнесуваше 2,38 долари по галон, што е за 33 проценти помалку во споредба со минатата година.

Во изминатите шест месеци, Американците ја чуваа својата заштеда за поевтин бензин, наместо да ја потрошат својата заработка. Висината на личните заштеди порасна од 4,4 проценти во ноември на 5,8 проценти во февруари.

Економскиот раст е ограничен поради изборот на потрошувачите да штедат, бидејќи потрошувачката влијае на 70 проценти од економската активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП