19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири работи кои можете да ги научите од Google

Четири работи кои можете да ги научите од Google

workers-google

Google често пати се користи како пример за совршена корпоративна култура. Меѓутоа, Google е и совршен пример за решавање на проблемите во внатрешноста на компанијата. Многу компании на Google гледаат како на пример кога станува збор за мотивацијата на вработените и креирањето на работен простор поради кој луѓето се радуваат при доаѓањето на работа.

Ова се четирите работи кои можете да ги научите од Google:

„Вработените сакаат успешно да ја обавуваат својата работа“

На вработените не им е во интерес да прават грешки, затоа нема смисла да ги казнувате поради тоа. Наместо тоа треба да им објасните што погрешно направиле и да се потрудите да ја разберат причината за грешката

„Сите можат да придонесат“

Проблемот внатре во компанијата не треба да се презентира само пред тесниот тим на експерти, туку пред сите вработени. Никогаш не знаете од каде ќе дојде некоја исклучително добра идеја.

„Луѓето се поуспешни ако се заинтересирани“

Во Google неодама сфатија како луѓето постигнуваат најдобри резултати ако проектот или задчата на која работат навистина ги интересира. Затоа работите и задачите ги доделуваат според тој принцип.

„Добриот лидер е клучната фигура“

Важно е да имате способни и талентирани работници, но без некој кој ги насочува тешко ќе го остварите својот полн потенцијал. Затоа страствениот лидер или водич е клучен за обезбедувањето на мотивација и ангажман кај вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП