1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Музејот пријател на децата“

Изложба „Музејот пријател на децата“

muzej 33

Во среда, со почеток во 12 часот, во големата конференциска сала на НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена завршната изложба на проектот „Музејот – пријател на децата“.

На изложбата ќе бидат претставени најуспешните дела од проектот во категории ликовни и литературни творби, наградени и пофалени творби и творби за изложување. Модератори на завршната свеченост ќе бидат ученици од драмската секција на ООУ „Вера Циривири – Трена“ од Скопје.

Проектот кој почна со реализација во септември 2014-та, опфати двесте ученици од повеќе училишта од државата и е дел од Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Република Македонија. Учениците преку едукативни и креативни работилници се запознаа со своето минато претставено низ постојаната поставка на Музејот на македонската борба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП