10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp бара помош од акционерите на својот конкурент

Sharp бара помош од акционерите на својот конкурент

sharp_2296456b

Јапонската електронска компанија „Sharp“ настојува да добие помош од околу 100 милијарди јени (770 милиони евра) од полудржавниот фонд INCJ, кој инаку е и акционер на конкурентот на „Sharp“, компанијата „Japan Displаy“.

„Sharp“ веќе повеќе недели е на мета на шпекулации, често демантирани, кои се однесуваат на потрагата за пари и реорганизацијата која треба да следи.

Најновите глсини се однесуваат на тоа дека оваа јапонска компанија би можела да се повлече од работењето во сегментот за производство на LCD екрани, објавија јапонските весници.

За да ја спроведе реорганизацијата и преориентацијата на нови области за работење, на „Sharp“ му се потребни средства и поддршка од фондот INCJ за индустриски иновации.

Тој полудржавен фонд е главен акционер, со удел од 35,6 проценти, во конкурентската компанија „Japan Display“, најголемиот снабдувач за LCD екрани за смартфони, се вели во објавата на веб-порталот boursorama.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП