19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за камиони на Стража, одрон на обиколницата кај Битола

Забрана за камиони на Стража, одрон на обиколницата кај Битола

straza_zabrana

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.

Истовремено се наведува дека од 06:45 часот нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а во западниот дел од државата со остатоци на снег. Врнежи од слаб снег се бележат на Ѓавато.

Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, кој во текот на вчерашниот ден беше во прекин заради одрон нормализиран е од 21:45 часот (07.04.2015г).

Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента за што е поставена дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП