2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Словенија очекува раст на БДП-то за 2,2 отсто

Централната банка на Словенија очекува раст на БДП-то за 2,2 отсто

Banka-Slovenije-660x330

Централната банка на Словенија очекува оваа година словенечкиот БДП да порасне за 2,2 отсто, што е нешто помалку од ланскиот, додека растот на БДП-то во 2016 година би изнесувал околу 1,8 отсто, а во 2017 година два отсто.

Банката на Словенија објави и дека успешно го извршила откупот на словенечките државни обврзници во рамки на програмата за „квантитативно олеснување“, мерки што неодамна ги покрена Европската централна банка (ЕЦБ) за да се поттикне инвестирањето во еврозоната и да се спречат дефлациските текови. Месечно во рамките на тој инструмент се откупуваат околу 220 милиони евра стари словенечки државни обврзници.

Словенија во вторник на аукција на Министерството за финансии продаде трезорски меници за вкупно 136,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП