2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ очекува низок потенцијален раст на светската економија

ММФ очекува низок потенцијален раст на светската економија

mmf38

Финансиската криза тешко го погоди потенцијалот за раст на светската економија која веројатно ќе остане слаба со години, што би значело дека каматите би требало да останат ниски, сметаат во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Потенцијалниот раст во групата развиени економии ослабe уште пред кризата заради стареењето на популацијата и слабеењето на технолошките иновации, истакнува Reuters.

Во периодот од 2008 до 2014 година стапката на потенцијален раст во таа група се спушти на само 1,3 отсто, што значи дека е намалена за половина постотен бод во однос на периодот пред кризата, заради намалените приватни инвестиции и побавното вработување, утврди ММФ во аналитичките поглавја на пролетните економски прогнози.

Комплетните прогнози ќе бидат објавени следната недела, во пресрет на редовното пролетно заседание на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Во следните пет години потенцијалниот раст во групата на развиени би требало да се забрза на 1,6 отсто, проценуваат во ММФ, што е сè уште под нивото пред кризата и дополнително ќе го отежне намалувањето на високиот јавен и приватен долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП