23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката влада го одби барањето на ММФ за подигање на стапката на...

Грчката влада го одби барањето на ММФ за подигање на стапката на ДДВ-то

Image (3)

Грчката влада во вторник го одби барањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за подигање на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ).

„Позицијата на грчката влада во ниту еден случај нема да биде подигање на ДДВ-то“, рече портпаролот на владата Гаврил Сакеларидес во разговор за телевизијата Скај, одговарајќи на барањата на ММФ за дополнително намалување на пензиите и покачување на даноците.

„За нас е тоа црта преку која не одиме и цврсто до крај ќе се спротивставуваме на таквите предлози на тие институции“, додаде Сакеларидес алудирајќи на грчките кредитори – Европската централна банка, ММФ и Европската комисија.

Грција би требало да постигне договор со кредиторите до крајот на април и со многу проблеми се обидува на време да ги враќа долговите кои стигаат за наплата. Во четврток истекува крајниот рок за исплата на 450 милиони евра долг кон ММФ, а грчката влада вети дека ќе го испочитува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП