28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ се врати на врвот

БМВ се врати на врвот

bmw lider

БМВ по февруари 2013-та година ја превзема од Ауди лидерската позиција како водечки произведувач на премиум автомобили во светот. На третото место по бројот на продадени возила се најде уште еден германски произведувач, Мерцедес.

Баварскиот гигант по првите два месеца од оваа година ширум светот испорача 222.207 автомобили, а во февруари забележа раст од 9.3 проценти во однос на истиот месец од 2012-та година.

Овој резултат е постигнат благодарејќи најмногу на зголемената побарувачка на Серијата 3 и на моделот на БМВ Х1.

Досегашниот лидер, Ауди, кој падна на второто место и покрај растот од 3.2 проценти во февруари, во првите два месеци продаде вкупно 221.800 возила или 407 единици помалку од својот ривал.

Мерцедес и натаму го зазема третото место со 184.978 автомобили. Тие во текот на февруари доживеа пад на продажбата од 5.8 проценти во споредба со 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП