5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна кон 57 долари, во фокус разговорите Иран-Кина

Цената на нафтата падна кон 57 долари, во фокус разговорите Иран-Кина

OilBarrelCorbisBarbaraDavidson460

Цената на барел нафта се спушти денес на светските берзи кон 57 долари под влијаиие од сигналите од можно дополнително зголемување на понудата во пресрет на иранско-кинеските разговори за можно зголемување на обемот на продажба.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 80 центи во однос на претходното затворање, на 57,32 долари. На американската берза со барелот се тргува по 60 центи пониска цена, од 51,54 долари.

Кина е најголем ирански трговски партнер и до заострувањето на санкциите во 2012 година купуваше околу половината од вкупниот ирански извоз на сирова нафта. Откако во Женева беше постигнат рамковен договор околу иранската нукеларна програма што отвора пат за укинување на санкциите, иранскиот функционери допатуваа во Пекинг каде ќе се состанат со најголемите купувачи во државата.

Светските берзи се веќе сега прекумерно снабдени, а вишокот на производство во однос на побарувачката во првата половина од годината ќе изнесува 1,5 милиони барели дневно, проценуваат аналитичарите.

„Вишокот во снабдувањето е голем, залихите растат, а сега се отвора и можност од прлевање на иранската нафта“, вели Карстен Фрич од Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП