21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетврток отворен ден на ФЗОМ во сите 30 подрачни служби

Четврток отворен ден на ФЗОМ во сите 30 подрачни служби

fond zdravstveno 233

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања, најавија денеска од Струмица, директорите Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачната служба на Фондот во Струмица.

Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела, четврток, 9-ти април, отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој четврток од 10 часот до 15 часот во просториите на сите 30 подрачни служби на Фондот.

Овие отворени денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување.

Во овој период, сите заинтересирани осигурени лица ќе може да ги претстават своите идеи, предлози, потешкотии со кои се соочуваат на стручните тимови на Фондот. Во секоја подрачна единица ќе има задолжено лице кое ќе дава повратни информации за начинот како да се надминат одредени потешкотии со кои осигурениците се соочуваат, а се во надлежност на Фондот. Оваа практика, како што е планирано,ќе се одржува до крајот на јуни.

Директорот Рамадани истакна дека целта на отворените денови е на сите осигуреници да им се овозможи директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на здравствените политики, придонесувајќи, на тој начин, за подобрувањето на состојбите во здравствениот систем.

Исто така, сите осигуреници може да побараат информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20 часот или по маил на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП