6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден бројот на богати Кинези

Рекорден бројот на богати Кинези

rich-people-china

Иако во изминатата година дојде до забавување на економскиот раст, бројот на богати луѓе се зголемува со рекордна брзина, се вели во најновиот извештај за нето богатството во Кина.

Бројот на луѓе во Кина со имот во вредност од најмалку 500 милиони јуани (81,35 милиони долари) надмина 17.000, се вели во извештајот. Во периодот меѓу 2008 и 2013 година, овој извештај немал повеќе од илјада имиња.

Бројот на луѓе во Кина со големо нето богатство оваа година достигна рекордна висина во последните 15 години, откако Институтот за истражување Хурун го објавува пописот на богатите Кинези.

Вкупниот имот на богатите Кинези достигнува 31 трилион јуани, колку десет БДП на Норвешка и дваесет БДП на Филипини. Богатите Кинези во просек имаат 51 година и имот од 1,82 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП