4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонзервација на ѕидното сликарство на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село...

Конзервација на ѕидното сликарство на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина

uspenie-presveta-bogorodica

Во тек се активностите за конзервација на ѕидното сликарство со хронолошки сликарски слоеви од XII до XIX век на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина, проект кој, во согласност со годишните програми на Министерството за култура, го реализира Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола. Целосната конзервација на целокупниот фрескоживопис е предвидена за 2016 година.

Според усвоената динамика на реализација, на оваа локација во изминатиот период беа реализирани археолошки истражувања и беше изведена целосна дренажа на црквата, со што овој значаен споменик на културата е заштитен од влага. Исто така, направени се истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 квадратни метри, по што е изработена негова прецизна дигитална и техничка документација. Изготвена е и архитектонска документација на постојната состојба на црквата.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина е комплексен објект со досега констатирани четири фази на градба. Обновувањата датираат од крајот на X и почетокот на XI век, потоа XII и XIII век, а во текот на XVIII и XIX век била извршена најголемата реконструкција на црквата. Со археолошките истражувања, откриени се темели од постар сакрален објект од VI век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП