19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Украина достигна 10,8 проценти

Инфлацијата во Украина достигна 10,8 проценти

ukraina-inflacija

Инфлацијата во Украина во март 2015 година достигна 10,8 проценти на месечно ниво, по 5,3 проценти во месец февруари и 3,1 проценти во јануари.

На меѓугодишно ниво инфлацијата во месец март забрза на дури 45,8 проценти. Според податоците на Државната служба за статистика, меѓугодишната инфлација во февруари изнесувала 34,5 проценти, во јануари 28,5 проценти, а за цела 2014 година 24,9 проценти, пренесува Интерфакс.

Државниот буџет на Украина за 2015 година формиран е врз основа на пооптимистичко сценарио за развој на ситуацијата, кое предвидува пад на бруто домашниот производ (БДП) за 5,5 проценти, при инфлација од 26,7 проценти.

Другите две, помалку-оптимистични владини сценарија проценуваат пад на БДП од 8,6 проценти односно 11,9 проценти, при инфлација од 38,1 односно 42,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП