26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДоцните на работа? Еве зошто ви се случува тоа

Доцните на работа? Еве зошто ви се случува тоа

1720109131551d51009de67596895943_w640

Доцнењето на работа е една од најиритантните навики… Ви ги претставуваме главните причини за тоа.

Ефектот „уште само ова“

Истражувањата покажаа дека ова е една од главните причини за доцнењето. Ако секогаш се обидувате да одговорите на уште една смс порака, да одговорите на уште еден меил, да фрлите набрзина око на утринската серија или да испиете уште една голтка кафе… значи дека и вие спаѓате во оваа група.

Обидете се барем еднаш работите и утринските ритуали пред заминување на работа да ги одложите за подоцна и проблемот е решен.

Премалку сон

Овој сегмент се однесува на раните утрински часови и изреката „уште 5 минути“. Со неа многумина го започнуваат денот, а поради тоа секое утро трчаат низ куќата и на крајот повторно доцнат. Пробајте го овој трик кој навистина делува.

Обидете се да легнете во кревет порано, а алармот ставете го подалеку од вас, да не ви е на дофат на рака и за да го исклучите да морате да станете. Многумина велат дека делува.

Лоша проценка на времето

Таму сум за 5, 10 или 15 минути – реченица која ја изговараат оние кои постојано доцнат, а која не е точна. Кога некој ќе ве праша колку време ви е потребно до работа или до одреден дел од градот вашиот одговор би можел да разјасни се.

Лошата проценка на времето е најчестата причина поради која доцниме.

Заборавеност и растревоженост

Нема ништо поиритирачко од паничното барање на клучевите, паричникот или мобилниот во секундите пред излегувањето од дома, а уште полошо е кога на пат до работа или договореното место сфаќате дека нешто од тоа сте заборавиле па мора да се вратите назад.

Со ова сите се сложуваат, а причината е многу едноставна – лоша подготовка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП