26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОваа есен премиера ќе има првиот SUV на Jaguar (фото+видео)

Оваа есен премиера ќе има првиот SUV на Jaguar (фото+видео)

Jaguar-C-X17-Concept-1

Премиерата на првиот кросовер од брендот „Jaguar“ е закажана за автомобилскиот саем во Франкфурт во септември. Ова го тврди британското издание „Аutocar“, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Во моментов дизајнерите и инженерите на „Jaguar“ ги прават финални подесувања на моделот кој неколку пати беше фотографиран за време на тестовите на јавните патишта.

Jaguar-C-X17-Concept-2

Се очекува кросоверот да го добие името „F-Pace“ и да наследи голем број на елементи од дизајнот на неодамна претставените „XE“ и „XF“. Генерално, сепак овој модел ќе биде многу близок до концептот „C-X17“, прикажан исто така во Франкфурт, но во 2013-та година.

Jaguar-C-X17-Concept-3

„Jaguar F-Pace“ ќе биде третиот модел на производителот, кој ќе ја добие новата алуминиумска архитектура „iQ [Al]“. Таа веќе дебитираше кај „XE“ и „XF“, но ќе биде користена за повеќето идни модели на „Jaguar“.

Jaguar-C-X17-Concept-4

Палетата на моделот ќе биде претставена од новите бензински и дизел мотори со четири цилиндри, а врвните верзии се очекува да добијат „V6“ и „V8“ агрегати. Според „Аutocar“ новиот „F-Pace“ ќе биде достапен во две спортски модификации – „F-Pace S“ со 340 КС и „F-Pace SVR“ со моќност која ќе биде над 550 КС.

Jaguar-C-X17-Concept-6

Се очекува, исто така првиот кросовер на „Jaguar“ да добие и електрична верзија. Моделот ќе има автономија од околу 480 километри, а излегувањето на пазарот е предвидено за 2018-та година, тврди весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП