Инфлацијата во Русија во месец март на месечно ниво забави на 1,2 проценти, во однос на 2,2 проценти во февруари и 3,9 проценти во јануари 2015 година, се наведува во најновиот извештај на руската служба за статистика Рос стат.

На годишно ниво, инфлацијата во претходниот месец достигна 16,9 проценти, а од почетокот на годината 7,4 проценти, пренесува Тас.
За споредба, руската агенција наведува дека во март 2014 година цените во однос на февруари пораснале за еден процент, а од почетокот на таа година за 2,3 проценти.
Според податоците на Рос стат, во март оваа година во споредба со претходниот месец, цените на стоката пораснале за 1,5 проценти (прехрамбените 1,6, а непрехрамбените 1,4 проценти), а услугите 0,3 проценти.
На меѓугодишно ниво (во однос на март 2014 година) цените на стоката се зголемени за 18,4 проценти (прехрамбени 23, непрехрамбени 13,9), а услугите 12,6 проценти.