7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски на министерски состанок во врска со можните рути за „Турски тек“

Попоски на министерски состанок во врска со можните рути за „Турски тек“

poposki1trhbgrh5r4y5r4y45

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес во Будимпешта ќе учествува на министерски состанок посветен на прашања за енергетската стабилност во Регионот на Централна и Југоисточна Европа.

На состанокот најавено е учество и на министрите за надворешни работи на Унгарија, Грција и Србија и министерот за ЕУ прашања на Турција.

Министрите, во рамки на состанокот, ќе го разгледуваат интересот на земјите за поддршка на диверзификацијата на рутите и изворите за снабдување со природен гас од Република Турција.

Предвидено е земјите учеснички да усвојат Декларација за зајакнување на меѓусебната енергетска соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП