Еден од најбогатите кинески бизнисмени Јан Жи, сопственикот на Пацифик Констракшн Груп, се интересира за условите за инвестирање и поволностите кои се нудат од страна на македонската Влада, особено во областа на градежништвото и инфраструктурните проекти.
Жи во понеделникот беше примен од македонскиот премиер Никола Груевски, на која бил информиран за напредокот во градење на успешна бизнис клима, како и поволностите кои им стојат на располагање на приватните интеститори.
Премиерот Груевски истакна дека Македонија е земја која нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, квалитетна и компетитивна работна сила, спроведува низа реформи и создава добра бизнис клима.
Пацифик Констракшн Груп, според Форбс, спаѓа во 500-те најголеми глобални компании во светот, односно на 166 место на оваа листа со годишен приход од 60 милијарди долари.