18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на нафта во САД највисоко во последните 115 години

Производството на нафта во САД највисоко во последните 115 години

nafta 300

Производството на сирова нафта во САД минатата година порасналo од 1,2 милиони барели на 8,7 милиони барели дневно.

Тоа е најголем раст на обемот на производство од 1900 година, од кога американската администрација за информирање за енергетиката (ЕИА) ги бележи податоците.

Посматрано во проценти, САД минатата година го зголемиле производството на сирова нафта за 16,2 отсто, што е најголема стапка на раст од 1940 година и најголем годишен раст за повеќе од шест децении.

Наоѓалиштата на нафта во Северна Дакота, Тексас и Ново Мексико, каде што се користи методата на хидраулично кршење и хоризонтално дупчење за експлоатација на нафта од шкрилци, најмногу придонесе за минатогодишниот раст на производството, што е шеста година по ред САД да бележат раст на производството.

Револуцијата на нафтени шкрилци го претвори САД од увозник во нето извозник на нафта, додека голем пресврт во нивото на производство предизвика падот на цените на нафтата кои се преполовија минатата година заради прекумерните глобални резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП