7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на онлајн продажбата во Кина

Силен раст на онлајн продажбата во Кина

China-Chengdu2-12

Вредноста на кинеската малопродажба преку интернет минатата година забележа раст од 49,7 проценти, достигнувајќи 2,8 билиони јуани, односно околу 450 милијарди долари.

Уделот на онлајн трговијата во вкупниот малопродажен промет лани изнесуваше 10,6 проценти, со раст од 32,5 проценти, соопшти центарот за истражување на електронската трговија.

Извештајот на Центарот, врз основа на податоците од најголемите кинески компании, покажа дека за растот на онлајн продажбата придонело нејзиното ширење во руралните подрачја, како и меѓународните трансакции и продавници кои се појавуваат на социјалните мрежи.

Според истражувањата на Ројтерс, се очекува дека во наредните 10 години онлајн продажбата во Кина ќе изнесува половина од потрошувачката во кинеските домаќинства, во однос на шест проценти колку што изнесува денес.

Е-трговијата во Кина забележа раст од дури 71 процент на годишно ниво, во периодот од 2009 до 2012 година, додека во истиот период тој раст во Америка изнесувал 13 проценти.

Ваквата промена во однесувањето на кинеските потрошувачи се објаснува со фактот дека речиси една половина од кинеската популација (1,3 милијарди жители) користат интернет, а речиси 80 проценти од нив поседуваат смартфон или таблет.

До 2015 година продажбата преку интернет ќе достигне вредност од околу 3,300 милијарди јуани (400 милијарди евра), се наведува во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП