27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири најави измени на Законот за возила во насока на зголемување на...

Незири најави измени на Законот за возила во насока на зголемување на ефективноста на техничките служби

neziri foto

Министерот за економија Беким Незири денеска ги соопшти новините кои ќе треба да се вградат во предлог измените и дополнувањата на Законот за возила, како резултат на досегашните искуства во работењето на 14-те овластените технички служби, предочени на работната средба со нив. 

Според Незири, целта на овие измени е допрецизирање на надлежностите на службата која го врши одобрувањето на возилата, скратување на роковите за издавање на одобрение за единечно возило од 15 на 5 работни дена, а со самото тоа зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на овие служби, во интерес на граѓаните.

„Со измените и дополнувањата на овој закон, кои после денешната работна средба со техничките служби ќе бидат допрецизирани, а кон почетокот на идната недела ќе бидат пуштени во владина процедура, ќе придонесеме кон заштита на граѓаните во делот на безбедност на сообраќајот, поголема заштита на животната средина, професионално и ефикасно работење на службите за технички преглед, забрзување и прецизирање на процедурите кои ги поминуваат граѓаните во нив. По усвојувањето на Законот за возила за сите новини ќе јавноста ќе биде информирана“, истакна Незири.

Претставниците од техничките служби истакнаа задоволство од нацрт верзијата на измените и дополнувањата на Законот за возила, бидејќи со овој предлог закон ќе се воспостави ред во состојбите, но и од соработката со Министерството за економија, кое сака да креира европски закон кој ќе овозможи добивање на фактичката слика во овој сегмент во државата, имплементирајќи во него и голем дел од потребите на техничките служби за давање на поефикасни услуги на граѓаните.

На новинарско прашање за измените на Законот за трговија, пак, во делот на увозот на употребувани возила и како тоа ќе се рефлектира врз физичките лица, министерот Незири истакна дека со измените на Законот за трговија, физичките лица и понатаму ќе можат да увезуваат половни возила за свои потреби, но максиум до две во една календарска година.

„Со законските измени во Законот за трговија се очекува да се постигне напредок во сузбивањето на сивата економија и да се елиминира нелојална конкуренција при трговијата со употребувани моторни возила“, истакна Незири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП