24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска: Нема да дозволиме Грција да не уценува

Финска: Нема да дозволиме Грција да не уценува

grcija-ecb-eu

Нема да и дозволиме на Грција да не уценува, изјави министерот за финансии на Финска, Анти Рине за „Алгемајне Цајтунг“.

Рине изјави дека е јасно дека Грција ќе добие дополнителни пари ако реформите во таа земја, не само да бидат договорени, туку и спроведени.

Заемот бара едногласна одлука од Еврогрупата, а Финска ќе даде своја согласност само ако термините се испочитувани, изјави Рине.

Тој додаде дека ова важи без оглед на тоа од која партија ќе биде министерот за финансии, по изборите во Финска на 19 април.

Грција од ЕУ очекува исплата на последната транша од 7,2 милијарди евра во рамките на планот за помош од 240 милијарди евра, сума која што ЕУ и ММФ и ја дадоа од 2010 година.

Новата влада на Грција треба до крајот на април да го претстави списокот реформи до Еврогрупата, а тој да биде доволно убедлив за да продолжи помошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП