25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРасте побарувачката за П1

Расте побарувачката за П1

mclaren p1

Некои од најбогатите луѓе во светот нема да имаат привилегија да го купат најбрзиот автомобил на светот, Мекларен П1. Веќе над 800 луѓе имаат интерес да го набават овој автомобил, но ќе бидат произведени само 375 возила.

Еден ден откако Мекларен го претстави својот нов автомобил, за кој тврдат дека ќе биде најбрз на светот, признаваат дека морале да одбијат многу купувачи, затоа што овој двосед ќе биде произведен во лимитиран број.

Дирекорот на Мекларен за односи со јавноста, Вејн Брус изјавил дека тоа што некој има големи  сметки не е доволно да се поседува П1.

П1 користи 3.8 литарски твин-турбо В8 агрегат и електромотор со што ќе се произведе снага поголема и од болидот наменет за трките во формула1 кој го изработува компанијата.

„Ако сакате да имате еден ваков автомобил, морате да се пријавите, па потоа ние да процениме какви се вашите врски досега со Мекларен, но и што досега имате од суперавтомобилите“, вели Брус, кој додава дека очекуваат сите примероци да се продадат во рок од неколку недели.

Цената на автомобилот е околу милион евра. П1 е еден од трите суперавтомобили кои се претставени оваа година во Женева. Ферари го претстави ЛаФерари, а пак Ламбурџини својата ограничена верзија, Венера.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП