18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување и пракса за студентите од техничките факултети

Саем за вработување и пракса за студентите од техничките факултети

kontakt saem

Саем за вработување и пракса „Контакт 2015“ наменет за сите студенти од техничките факултети се одржува од понеделник до среда во Скопје, со цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.

На официјалниот дел од отворањето на настанот се обрати и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, која истакна дека техничките и генерално инженерските професии се меѓу најперспективните и најплатените во светски рамки.

„Македонија има голем потенцијал во оваа област, ние инвестираме во младите генерации кои имаат афинитет и способности да станат инженери. Целта е да се постигне зголемување на конкурентноста на македонските инженери и за домашните и за странските компании, кои веќе инвестираат и во иднина ќе инвестираат во нашата земја. Оттука, многу важно е да постои комуникација и соработка меѓу приватниот сектор, владата и академската заедница,“ рече заменик министерот Арсовска Томовска.

Таа додаде дека ваквите настани овозможуваат поврзување на студентите од техничките факултети со потенцијалните работодавачи и придонесуваат за запознавање на  студентите со начинот на кој работат компаниите, како и за условите што треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа.

На официјалното отворање на саемот се обратија и деканите на ФЕИТ и ФИНКИ, Миле Станковски и Димитар Трајанов, како и проректорот за настава на УКИМ, Влатко Стоилков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП