20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Укинати мерките за контрола на капиталот

Кипар: Укинати мерките за контрола на капиталот

kipar nikozija

На Кипар од денес се укинати сите преостанати мерки за контрола на капиталот во банкарскиот систем, кои беа воведени во текот на финансиската криза во 2013 година.

Кипар е единствена земја во еврозоната која го ограничи текот на капитал, бидејќи беше соочена со масовно подигнување на пари од банките. Контролите беа ублажени во јануари.

Граѓаните повеќе нема да бидат ограничени на 20.000 евра кои месечно можат да ги префрлат во странски банки, односно за патниците нема повеќе да важи ограничувањето од 10.000 евра кои можеа да ги изнесат од земјата, пренеусва BBC.

Кипар прими пакет помош од десет милијарди евра од ЕУ и ММФ откако најголемите кипарски банки дојдоа на работ на колапсот во март 2013 година поради големите загуби во Грција.

Втората банка по големина „Кипарската народна банка“ е угасена, а конфискувани се и депозити поголеми од 100.000 евра во „Банката на Кипар“, најголемата финансиска институција во оваа земја.

Овие мерки беа дел од договорот со кредиторите за исплатата на десет милијарди евра помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП